Италијанскиот голман Џајнлујџи „Џиџи“ Буфон се закити со претстижното признание за најдобар голман во фудбалската историја.

42-годишниот Буфон триумфираше во анкетата која ја спроведе италијанскиот весник „Газета дело Спорт“. Весникот испратил анкетно писмо до 18 голмани, кои биле вклучени во изборот. 18-те голмани имале право да одберат само еден, но некои не можеле да пресечат и одбирале по двајца. Во анкетата Буфон освоил седум гласови и победил. Второпласиран бил Лав Јашин со пет гласови, а трет Дино Ѕоф со два гласови.

Буфон е супериорен и уште активен во 42-та година во животот. Тој е безвременска икона, каква што фудбалот ќе нема уште еднаш. – изјавил еден од голманите во анкетата.

Во изборот учествувале Мануел Нојер, Питер Шмајхел, Сеп Мајер, Икер Касиљас и други голмани, кои одбележале некое време во фудбалот.

 

OhridNews