Легендарниот голман Џиџи Буфон нема намера да ја заврши кариерата, туку да испише нова страница во фудбалската историја, правејќи изненадувачки трансфер.

Заминувањето од Јувентус после завршување на сезоната нема да биде изненадување, ниту најавениот трансфер во португалскиот гигант Порто, туку желбата и пасијата која ја има Буфон за фудбал, во 43-та година од животот. 

Како што јавува италијанска „Газета“, Буфон сакал уште еднаш се проба надвор од границите на својата родена земја. Буфон интернационално искуство имаше во Пари Сент Жермен, а во Италија бранел за Парма и Јувентус.

OhridNews