Гости кои деновиве летуваат во авто кампот во Градиште, со пила во рака ги сечеа гранките од дрво на самата плажа. Им пречеле гранките, како што изјавија, затоа што биле со лисни вошки. За среќа, не им пречело и дрвото, па нивната акција заврши со кастрење на гранките.

Се поставува прашањето што ќе се случи ако на секој од камперите, кои во првиот ред вистински си се „одомаќиниле“ и поголем дел од плажата зафатиле со чамци, маси и столови како да се во сопствениот двор, им пречат дрвјата и гранките. Дали ако платиле за поставување приколка или шатор тоа им дава право да прават што сакаат на јавна површина?

OhridNews