На луѓето кои крадат на памет им паѓаат секакви методи со помош на кои побрзо и полесно ќе дојдат до саканите нешта.
Така едно момче во подземна железница стоело веднаш до излезот од возот, до една девојка која се допишувала преку мобилниот телефон.
Иако најпрво се чинел како обичен патник, ситуацијата целосно се сменила кога возот застанал, а вратата се отворила. Момчето во истиот момент ја забележало својата прилика да украде нешто, па од раката и го грабнал мобилниот телефон веднаш пред да се затвори вратата и побегнал. Шокираната девојка веднаш потрчала по него, но била спречена да излезе бидејќи вратата се затворила и возот продолжил понатака.