Рефлексологот Стјуард Хил (57) и рекол на пациентката дека нејзиното болно колено ќе и оздрави ако ја доведе до оргазам со вибратор. Таа се согласила со терапијата. Тој и кажал дека ја користи техниката на кинеската хормонална терапија која е забранета во Британија. Сега се наоѓа на обвинителска клупа бидејќи и поставил вибратор на интимно место и и ги лижел градите.
„Рекол дека мора да доживее оргазам. Таа поверувала дека станува збор за вистинска терапија. Ја искористил својата положба“ – рекла обвинителката Аманда Рипон.
Пациентката почнала да се чувствува многу подобро. Дури му рекла на сопругот дека обвинетиот е чудотворец. Хил тврди дека не е виновен за 9 сексуални напади за кои е обвинет.