Репрезентацијата на Германија обезбеди пласман во полуфиналето на Седмото Европско првенство во ракомет за жени што се игра во Шведска, откако во последното коло во натпреварите од шетвртфиналните групи ја совлада Македонија со 23:20 (10:10).
Сепак тоа беше достоен пораз на македонската репрезентација која против Германија го одигра најдобриот натпревар на првенството. Избраничките на Портној беа рамноправни во првото полувреме кое заврши 10:10, поведоа во вториот дел 11:10, но немаа доволно сили за сензација иако го намачија противникот до самиот крај.
Во шест натпревари на ЕП загубивме пет, а подобри бевме само од нашиот северен сосед Србија, што секако е под желбите и очекувањата, но со оглед на играчкиот состав и порикажаното, во моментов ова е максимумот на нашиот национален тим. Загрижува фактот што немаме домашна ѕвезда, ниту име кое доаѓа и дека товарот на континенталниот собир го понесоа ветеранката Радуловиќ и натурализираните Наукович, Партенко и Окуланга.
Сето ова како размислување за челниците во РФМ пред наредното Европско првенство во 2008г. чии домаќини сме токму ние.