По Бугарија, денес и германската влада даде согласност за прием на Македонија во НАТО.

„Приклучувањето на Македонија во НАТО е важно за безбедноста во евроатлантскиот простор и е важен импулс за натамошна стабилизација на Западниот Балкан. Свртниците за приклучување на Република Северна Македонија во НАТО се поставени. Во февруари 2019 година земјите членки би требало да го потпишат Протоколот за приклучување“, соопштува владата во Берлин.

Додава дека ќе се залага тој процес да се одвива брзо за уште истиот месец да може да следи формалното приклучување.

OhridNews