Македонската ракометна репрезентација го доживеа и вториот пораз во осминафиналната група на Светското првенство. Денеска тие загубија од домаќинот Франција со 29:23.

Финалниот резултат воедно беше и најголемата предност што „триколорите“ ја остварија на средбата. Се до 48м. Македонија држеше резултатски приклучок и имаше негатива од само еден гол. Но, во финишот одлучи подолгата клупа на Франција која беше и поквалитетен противник.

Причината на поразот нашите треба да ја бараат во преголемиот број на технички грешки но и во извонредната Никола која беше не совладлива на францускиот гол (15 одбрани ) .

Шансата за прва победа во осминафиналното разигрување нашите ракометарки ќе ја бараатl во натпреварот со Ангола.

Натпреварот започнува во 14.30

На останатите натпревари во нашата М1 група
Хрватска – Ангола     28-34
Русија – Норвешка    21-22

Табела

Норвешка  6
Русија 4
Ангола
4
Франција
4
Македонија
0
Хрватска
0

Денес  играат :
14.30 Македонија – Ангола
16.30 Хрватска – Норвешка
19.00 Русија – Франција

ohridnews