Во останатите натпревари Кожув на гостински терен славеше против Лирија 87-83 додека Куманово првата победа во разигрување ја запиша после триумфот над Работнички 88-86.
На табелата водечки е МЗТ Скопје со десет бодови. На втората и третата позиција се наоѓаат Работнички и Кожув со по осум бодови, четврти е Фени со седум додека претпоследнопласираната Лирија и “фенерџијата“ Куманово имаат по шест бодови.