Ева Лонгорија предизвикала вистинска сензација на црвениот тепих на 68. филмски фестивал во Кан појавувајќи се во фустан кој ги открил сите нејзини атрибути. Се чини дека славните дами во последно време се натпреваруваат во што попровокативни креации.

 

Откако со полупроѕирни комбинавии храбро прошетаа Ким Кардашиан, Бијонсе и Џенифер Лопез, предизвикувајќи воодушевување кај своите обожаватели, ѕвездата на хит серијата „Очајни домаќинки“ Ева Лонгорија одлули да тргне по нивните стапки и да облече фустан кој малку што остава на фантазијата. Убавата Ева се појави на премиерата на филмот ‘Inside Out’ во смела комбинација на дизајнерката Габриела Каден со чипкани додатоци, со што до израз дојде нејзиното складно тело.