Откако објавиле дека се разведуваат после три години брак, Ева Лонгорија и Тони Паркер се труделе на мирен начин да го решат процесот на развод. Меѓутоа, според америкаснките медиуми, Тони ја свртел приказната па тврди дека Ева го изневерила него пред тој неа.
Уверен е дека неговата наскоро поранешна сопруга имала афера со Ланс Амстронг. Тони оваа приказна ја споделил со своите блиски пријатели. Исто така Тони сметал дека неговите пораки и допишувањата со Ерин Бери не би требале да се сватат како неверство. Сепак признал дека бил опседнат со сопругата на неговиот поранешен соиграч. Ева Лонгорија сеуште не се огласила на ваквите обвиненија.