Македонската фудбалска репрезентација одигра само нерешено 1:1 против Естонија вечерва во Скопје во рамки на квалификациите за пласман на ЕП 2008.

Естонија дури имаше и водство од 16-та минута, но петнаесет минути подоцна Мазнов израмни на 1:1 што беше и конечен резултат на натпреварот.

Во второто полувреме Македонија имаше повеќе од играта и создаде неколку изгледни прилики, но најголемата шанса на 5 минути до крајот ја имаа гостите кога нивниот напаѓач промаши од само 2-3 метри.

ohridnews