Заедницата на Египќаните која во најголем дел живее во охридско, бара оваа етничка заедница да има загарантирано пратеничко место во Парламентот.
Ние Египќаните сметаме дека идејата на Владата околу загарантираните пратенички места за помалите етнички заедници е добра и е чекор напред во развивањето на демократските процеси на патот кон ЕУ. Меѓутоа сметаме дека загарантираните четири места за турците, две за ромите и по еден за србите и власите не е одраз на реалната состојба во Македонија и затоа бараме да се обезбеди едно загарантирано пратеничко место и за Египќаните како автохтона етничка заедница, вели Демир Далип, претставник на Египќаните.
Сметаме дека како еден од најстарите народи во земјата треба да имаме претставник во законодавниот дом со што ќе ги оствариме нашите права предвидени со Уставот на Р. Македонија. Исто така сметаме дека Македонија како демократска држава ќе го почитува начелото на рамноправност и еднаквост и ќе овозможи еднакви можности сите етнички заедници да бидат застапени во Собранието на Р. Македонија што ќе претставува чекор напред во разивањето на демократијата во земјата, рече Далип.
Г.М.