32-годишен кинез со својата сопруга потпишал договор со кој и дозволува еднаш неделно да го истепа. На овој необичен чекор се одлучил откако многу често станал мета на нејзините напади. Таа тренира кунг-фу и вели дека не сака да го тепа но не може да си помогне. Кинезот објаснил дека неговата сопруга, која работи како менаџер во една трговска фирма, тренира кунг-фу од мали нозе и дека бил привлечен токму од нејзиниот силен и агресивен карактер.
Првиот ќотек го изел само неколку месеци по почетокот на врската, кога се шегувал со нејзината фризура. Тоа ја разлутило и му дала неколку дисциплински удари. За да ја смири својата поубава половина, тој предложил потпишување на овој необичен договор. Во случај да го прекрши сопругата ќе мора да се врати кај своите родители на три дена.