По Ристе Томовски и несуденото засилување Игор Милосавлевиќ охридскиот ракометен брод го напушти и искусниот Горан Димитриоски.

Струшкиот ракометар, кој играше на десната бековска позиција охридската екипа ја засили во финишот од минатата полусезона и беше вистинско освежување за тимот, но „тајмингот“ на заминување не е во најдобро време.

Стратегот на охриѓани Горан Андоновски не сакаше да го коментира заминувањето на Димитриоски на неколку дена од почеток на пролетниот дел од Супер лигата.

Охриѓани останаа без класичен десен бек и на таа позиција може да играат Никола Мирков, крилото Аце Трифуноски или Бојан Белевски, кој принудно играше на таа позиција.

Мх.П.