Фановите на агентот 007 ќе можат да ги пратат сите новости врзани за 23 продолжение на Џемс Бонд преку Фејсбук. Овој потег бил очекуван, со оглед на големиот број обожаватели кои ги има агентот. Вистинската причина за појавувањето на Фејсбук најверојатно лежи во тоа што деновиве треба да биде објавен и насловот на најновиот филм.


Она што моментално се знае е дека во главната улога повторно ќе се појави Даниел Крег и дека друштво ќе му прават Џуди Денц, Хавиер Бардем, Ралф Фајнс и Алберт Фини, а за режијата на овој високобуџетен проект ќе се погрижи Сем Мендез. Премиерата на новиот Џемс Бонд се очекува на крајот на октомври наредната година.