Заврши Светската недела на детето која се одбележува за да се потсетат возрасните дека и децата имаат свои права кои треба да се почитуваат.

По овој повод учениците од второ, трето и четврто одделение во основното училиште „Ванчо Николески“ од Лескоец, ја подготвија  пиесата „Приказна за шишето“ на текст од наставничката Марија Младеновска.

Со детски претстави, но и игри без граници, и годинава  не изостана одбележувањето во детската градинка „Јасна Ристеска“ Најмладите од градинката и нејзините клонови  ги изразија креативноста но и пораките до восрасните преку цртежите на тема „Топлите детски раце – поздрав до сите“, а заедно со Црвениот крст организираа и хуманитарна акција во која беа дарувани облека и играчки, наменети на материјално загрозените семејства.

Со повеќе активности и струшката градинка „Март “ заедно со нејзините клонови ги одбележаа деновите посветени на детето. Таму беше организирана акцијата „Од дете за дете“  во која најмладите носеа подароци наменети за нивните врсници во Пустец, Република Албанија.

Светската недела на детето е зацртана со Конвенцијата на Обединетите нации за правата на децата, чиј потписник е и Република Македонија.

Ohridnews