За денеска попладне е најавено продолжување на состанокот на работната група на која, во рамките на договорот од Пржино за надминување на политичката криза во Македонија. Според најавите лидерите ќе расправаат за изборната регулатива.
Станува збор за Избирачкиот список, за гласањето на дијаспората, како и за Државната изборна комисија. По вчерашниот состанок посредникот на Европската унија Питер Ван Хојт изјави дека е оптимист оти претставниците на четирите партии ќе можат да постигнат договор. На состанокот покрај нив, учествуваа и претставници на амбасадата на САД, ЕК и на ОБСЕ.
OhridNews
Извор:„Радио Слободна Европа“