Американскиот милијардер Тај Ворнер со неговиот автомобил застанал на паркинг во Санта Барбара бидејќи неможел да го пронајде вистинскиот пат кон своето одредиште. Во тоа време на истиот паркинг се нашла Џенифер Василакос која собирала пари за лекување со матични клетки.
Откако се запоснале започнале да зборуваат за кампањата која Џенифер ја водела, а таа му кажала дека боледува од болест на бубрезите и 14 часа недело поминува на апарати за дијализа. Исто му кажала дека собира пари за лекување со матични клетки кое не се изведува во САД.
По разговорот, Џенифер му ја покажала насоката, а тој и напишал чек од 50 долари и и рекол дека ќе се врати со повеќе пари. Откако таа се вратила во својот дом, во своето поштенско сандаче пронашла писмо и чек од $20,000 долари.
Откако ги подигнала парите купила авионска карта и заминала на лекување. Ворнер изјавил дека по случката со Џенифер сака овој вид на третман да го овозможи во САД, а со тоа да им ги олесни животите на голем број луѓе.
Ворнер е сопственик на компанијата “Ty Inc.” која е голем производител на играчки. Неговата фирма учествувала во голем број добротворни акции, а за него ваквите постапки не се изненадување.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com