Познатата француска актерка и заштитничка на правата на животните Брижит Бардо, се заканила дека ќе му се придружи на колегата Жерар Депардје и ќе замине во Русија доколку властите не го спречат планираното успивање на два болни слона. Актерката се заканила дека и таа ќе побара руско државјанство. Обата слона треба да бидат успиени бидејќи болуваат од туберколоза и претстаавуваат закана за останатите животни и посетители на зоолошката градина во Лион. Одлуката за успивањето која ја донеле градските власти неодамна била одложена поради Божиќните празници.
Брижит Бардо сега барала животните да се задржат живи или во спротивно ќе ја напуштела Франција. Како што пренеле медиумите, таа ја поддржала одлуката на Депардје кој се преселил во Белгија поради воведувњаето висок данок за богатите во Франција. Таа навела дека нејзиниот колега е „жртва на крајно нечесно прогонување“.