По чуварот на мрежата Дарко Станиќ и Влада Липовина и црногорскиот репрезентативец Вуко Боразан ќе продолжи во Бундеслигата.


Сега веќе поранешниот ракометар на Металург потпиша две и пол годишен договор со германски Либек.

– Во дресот на Металург имав незаборавни моменти кои вечно ќе ги паметам. Ја освоивме титула во Македонија, игравме значајна улога во Лигата на Шампиони, но ситуацијата во последните неколку месеци беше неиздржлива. Сакам да им се заблогадарам на навивачите на Металург за несебичната поддршка кои ни ја даваа во натпреварте без разлика каде ги игравме- рече Борозан.

Црногорецот е дел од плејадата играчи кои заминаа од македонскиот првак по финансиска криза која го зафати клубот Автокоманда.

Мх.П.