По битолските екипи Пелистер и Работник и составот на Борец од Велес го склопува мозаикот со играчи за сезоната која следува во Супер лигата.


Во тимот на Борец пристигнаа четири ракометари. Нови имиња во составот се Бобан Андовски, Игор Павловски, Кристијан Давитковски и Антонио Јаневски.

Претходно, Борец ги официјализираше трансферите на Милан Ордев и Ивица Илиев кои беа алфа и омега во тимот на Радовиш.

Со шесте вкупно засилувања Борец најавува атак на горните места на табелата. Минатата сезона „црвено белите“ преку бараж мечот со Вардар 2 обезбедија опстанок во Супер лигата.

OhridNews