Пандемската 2020 година со желба да не се повтори ја испративме, а 2021 година ја пречекавме на еден поинаков начин. Генерална оценка на секој од нас е дека годината која штотуку заврши беше тешка, работа со маска, комуникација на дистанца…. И авто школите беа принудени да се адаптираат на новата реалност и работа во поинаков амбиент наметнат од новата реалност. И покрај тоа, успеавме да ги реализираме планираните активности и настани велат од Авто школата “Старс Инженеринг“.
Оспособувањето на кандидати за возачи се врши согласно прогрaмата за оспособување на кандидати, а теоретската настава со физичко присуство во редуцирани групи, како и преку идивидуална настава и практично возење според насоките и протоколите за заштита од Ковид 19, дадени од Владата. Во услови на пандемија, на 11 мај, а по повод Светскиот ден на Култура во сообраќајот, промовирана беше едукативна брошура за поголема безбедност на пешаците во сообраќајот „Културни во сообраќај во улога на пешаци“, истакнуваат од АШ „Старс Инженеринг“.
Брошура на Авто школата „Старс Инженеринг“ за безбедност на пешаците во сообраќајот
По повод Светскиот ден на велосипедот, 3 јуни, АШ „Старс Онженеринг“ организараше Ликовен конкурс на кој на најдобрите кандидати им беа доделени пригодни награди.
На 25. август, на отворено, заедно со Културолошка иницијатива 5 до 12, беа одржани стручни предавања на тема: “Безбедни во сообраќајот“ со м-р Соња Д. Шикалоска, во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот на пешаците и велосипедистите. По тој повод, во дворот на авто школата “Старс Инженеринг“, беше нацртана импровизирана крстосница со вертикална и хоризонтална сигнализација. Учесниците, пак, освен знаење, добија и пригодни подароци.
И во 2021 година продолжуваме со реализација на низа пректи од областа на сообраќајот, со цел нашиот град како туристички центар да ја издигне културата во сообраќајот на повисоко ниво. Ќе бидат организирани стручни предавања за поголема безбедност на пешаците во сообраќајот – Културни во сообраќај во улога на пешаци, во улога на велосипедисти, возачи на возила за Јавен превоз на патници и слично, велат од АШ “Старс Инженеринг“.
OhridNews