Младинската екипа на Женскиот фудбалскиот клуб Билјанини Извори продолжува со победничката серија во пресрет на пролетниот дел од лигата каде се натпреваруваат. 


На менито од охриѓанки беше сениорската екипа на АС Јунајтед од Струга која успеаја да ја победат со 2-0. Стрелци на головите беа Сарафиноска и Рубаноска.

Во вториот натпревар своите сили ги одмерија екипите во генерацијата 2003/2004 год. Натпреварот заврши нерешено 4-4, хет-трик постигна Мојсоска, а еден гол беше дело на Николоска.

OhridNews