Малку марихуана може да им помогне на заболените од рак, тврди актерот Дени Гловер, познат по улогата на детективот Роџер Муртоу во филмовите „Смртоносно оружје“. Toj јавни изјавил дека ќе се бори за легализација на марихуаната во Калифорнија.
Во кампањата се вклучила и пејачката Мелиса Етериџ, која изјавила дека во лечењето на ракот на дојката и помогнала умереното конзумирање на марихуаната. Покрај нив учествуваат уште и Хал Спаркс, поранешен гувернер на Ново Мексико, Гери Џонсон и Стив даунинг. Ова е прв пат во кампања за легализација на марихуаната да учествуваат познати личности од светот на шоубизнисот.