Охридскиот теквондо клуб Хваранг Фист со грст медали се враќа од 11-то издание на „Србија Опен“ кој се одржа во Бачка Топола.
Хваранг Фист на меѓународниот турнир настапи со осум натпреварувачи, а успеа да освои девет одличја.
Резултати:
1.Јосифоски филип – 3 место борби јуниори до 63 кг и 3-то место во форми(борба со замислен противник)
2.Симоноски Кирил – 2 место борби јуниори +75 кг
3.Стеваноски Валентин – 3 место форми пионери
4.Велјаноска Тамара – 1 место борби кадетки до 55кг и 3 место во форми
5.Јованоска Ангела – 1 место борби јуниорки +70 кг и 2 место во форми
6.Јовческа Ангела – 3 место форми црн појас 1 дан
7,Јовчески Василија – учество
8.Карадакоски Дамјан – учество
– Како тренер сум презадоволен од самиот настап на нашите натпреварувачи,без разлика на успехот. Докажуваме на секој турнир дека нашите борци со право се во самиот врв на Теквондото на Балканот па и во Европа. – рече Ацо Јосифоски.
Кога ќе се сумираат резултатите од првиот меѓународен настап охриѓани ги очекува плодна и возбудлива сезона.
OhridNews