Охридскиот таеквондо и кикбокс клб Хваранг Фист со пет натпреварувачи ќе настапи на ревијалниот кикбокс турнир кој денес ќе се одржи во СРЦ Билјанини Извори. Боите на охридскиот клуб ќе ги бранат Здравески Ѓоко, Јованоски Борче, Ангелоски Александар,Ружди Шемо и Ристески Панде.


Поради подготовки за настапот на меѓународниот светски отворен турнир по Теквондо Умаг 2010,на почетокот на наредниот месец на турнирот во Охрид нема да настапи пионерот Јосифоски Филип, кој на претходните два турнира забележа две победи.

На ревијалниот кикбокс турнир се очекува учество да земат 10 клубови од Тетово, Гостивар, Кичево, Прилеп, Струмица, Штип како и двата клуба од Охрид.

М.П.