Викендов што доаѓа Таеквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид ќе учествува на Меѓународен Таеквондо ИТФ А класа турнир „3 Гран При Зворник 2022“ во БиХ кој е најсилен турнир за пролетната натпреварувачка сезона на Балканот и пошироко, каде што го имаат пријавено своето учество повеќе земји.

На овај натпревар одлучивме боите на клубот, а воедно и на Македонија да ги бранат 20 натпреварувачи, од кои 5 редовни натпреварувачи, а 15 дебитанти кои се надеваме дека добро ќе не претстават иако конкуренцијата е голема, вели Марјанчо Лазаревски.

Воедно упати благодарност до нивниот генерален спонзор „ПН МЕТАЛ“ кој e најзаслужен за нивното учество на овај престижен натпревар, а и за сите нивни учества на најпрестижните турнири како и за нивните огромни успеси.

На овој турнир натпреварувачите од охридскиот таеквондо клуб ќе настапат токму под водство на тренерот Лазаревски црн појас V дан кој најави и дека на 25-ти јуни, охридскиот клуб ќе го организира турнирот со меѓународен карактер „Охрид опен 2022“,  кој ќе се одржи во СРЦ „Билјанини извори“.

OhridNews