Децата во охридските градинки деновиве имаа можност да  ја проследат куклената претстава „Хумористичен час“  во чија подготовка учествуваа Валентино Георгиевски и Војче Китаноски.

Денес во изведба  на претставата имаа можност да уживаат најмладите во објектите „Лихнида“ и „Развигорче“, а вчера децата од централниот објект,„ Росица“ и „Билјана“, како и од градинките во Лескоец и Велгошти.

Дел од собраните средства од  влезниците за претставата ќе бидат донирани за купување клима уред во една од занималните.

OhridNews