Во овој РАДОСЕН ДЕКЕМВРИ, месец на дарување, уште една хуманитарна акција на Црвен крст Охрид. Во соработка со Општина Охрид, а со поддршка на Елена Лотеска Наумоска, сопственик на бродот Армада, Црвен крст Охрид реализира предновогодишна едукативно-забавна прошетка со брод за преку 40 дечиња, охриѓанчиња, кои до сега немале можност да се возат со брод по Охридското Eзеро.
Дечињата, придружувани од своите родители, уживајќи во волшебниот поглед на Охрид, со голем интерес и љубопитност ја слушаа приказната за Охрид и охридските знаменитости, прекрасно раскажана од Проф. Д-р Климент Наумов, туристички водич.
А ритамот на забавниот дел го диктираа волонтерите од Клубот на млади на Црвен крст Охрид кои под мотото „ЕДНО ПАКЕТЧЕ – МНОГУ ЉУБОВ“ заедно со претставници на општина Охрид и Дедо Мраз подарија новогодишни пакетчиња на секое дете.
Заштитниот знак на бродот Армада, „БЕЗБЕДНОСТ ПРЕД СЕ“ (Safety first) и на оваа пловидба беше запазена со обезбедено присуство на тим на спасители на вода и медицински тим на Црвен крст Охрид, со соодветна опрема.
До сите партнери, подржувачи, соработници во нашите хуманитарни активности, волонтери, благодарност што ни овозможувате да даруваме подароци и надеж, велат од Црвен крст Охрид.
OhridNews