Повеќе музичари вториот ден од Велигден го посветија на хуманоста. Убавиот ден тие го искористија за концерт на отворено на плоштад во центарот на Охрид, посветен на младиот фудбалер Мартин кој се бори со последиците од тешката сообраќајна несреќа по која не оди и малата Мила која боледува од целебрална парализа и и’ е потребен нов хируршки зафат во далечната Кина.
Хуманата мисија на охридските музичари ја помогнаа волонтери на Црвениот крст Охрид кои поставија кутии во кои минувачите донираа помош за Мартин и Мила.
OhridNews