Навивачката група „Рибари“-Охрид спроведе нова успешна хуминатарна акција донирајќи заштитна опрема за граѓаните кои не се во можност сами да си ја набават. Опремата – заштитни маски за повеќекратна употреба „рибарите“ ја доставија на црвките во Св. Петар и Павле во с.Мешеишта и Св. Ѓорѓија во Охрид кои ќе ги распределат каде што е потребно.
Одлучивме да им помогнеме на нашите сограѓани во соочувањето со предизвиците кои произлегуваат од новонастанатата ситуација со вирусот Ковид-19. Една од нашите акции ја реализиравме токму денес и доставивме заштитни маски во црквата Св. Петар и Павле во с.Мешеишта и Св. Ѓорѓија во Охрид. Целта на оваа акција е да обезбедиме заштита и за оние граѓани кои не се во можност сами да ги набават, а дополнителна позитивна околност е што маските се изработени за повеќекратна употреба. Секогаш за Охрид и охриѓани! – стои во сопштението навивачката група „Рибари“.
„Рибарите“ најавија нова акција со хумитарен карактер околу Велигденските празници.
OhridNews