Долни Сарај
Од 24.08.2020 - 19:00 до 24.08.2020 - 21:00
Во организација на група младинци од Охрид, на ден 24.08.2020 (понеделник), со почеток во 19.00ч на летната сцена Долни Сарај ќе се одржи хуманитарно YouTube шоу за помош на охриѓанецот Трајан Целески-Тачо на кого по трет пат му е потребна операција, за да ја победи тешката болест. Дел од шоуто ќе бидат јутубери од Охрид, Битола, Прилеп и Велес.
Картите, кои ќе бидат по цена од 150 денари, со гратис пијалак, ќе бидат достапни на влезот на настанот. Капацитетот изнесува 300 посетители, а настанот ќе биде спроведен според сите протоколи за заштита од коронавирусот. На влез ќе биде задолжителна дезинфекција, како и мерење на телесна температура, а без заштитна маска нема да биде дозволено присуство на настанот, нагласија организаторите на настанот.
Охриѓанецот Трајан Целски – Тачо, кој пред 2 години се избори со тумор на мозокот, е исправен пред нов здравствен предизвик. За жал, болеста се врати и по третата операција неговата здравствена состојба не е добра.
На Тачо итно му е потребна соодветна терапија која чини околу 20 000 евра.
На Охрид и охриѓани е уште еднаш да се сплотат и да ја покажат големата хуманост, која несомнено ја поседуваат, да му помогнеме на извонредниот млад спортист Трајан Целски Тачо.
Број за донации: 143 133 „Т-mobile“.
Жиро сметка за донации: 500600018999581 – Ристо Целески АД „СТОПАНСКА БАНКА“
OhridNews