Во рамките на социјално – хуманитарниот младински проект „Стопли нечиј дом и срце”, волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст Охрид и културолошка иницијатива „5 до 12″ организираат поетско читање под познатото мото „Имам нешто да ти кажам”.
Целта на активноста е повторно да го рашириме уметничкиот дух на младите Охриѓани во ова предновогодишно издание на „Имам нешто да ти кажам”, и со заеднички сили да му помогнеме на нашиот сограѓанин Петар Попоски на кој му се потребни финансиски средства за лекување, информираат организаторите.
Петар има 22 години и боледува од ретка болест Tyrosine Hydroxylase deficit. Хируршката интервенција не може да се изведе во Македонија, поради тоа мора да се оперира во Турција и се потребни околу 50 илјади евра.
Ги покануваме сите граѓани на овој настан за заедно да покажеме уште еднаш колку се Охрид и Охриѓани хумани, додаваат организаторите.
Настанот е со почеток во 19:30 часот, во четврток во кафр бар „Шила“. Влезница е 150 денари.
OhridNews