Хуманитарно-меморијален планинарски марш „Трајан Целески – Тачо“ во чест на неговиот прерано згаснат живот, ќе биде одржан во сабота, 9-ти ноември во 9 часот.

После четири години од прераната смрт на нашиот „брат“ Тачо, споменот за него не бледнее. Неговата ведрина и дух се сеуште инспирација за многу од нас да се себенадминуваме, да помагаме. Традицијата нека се раѓа спонтано. Планинарски марш ќе има и оваа година, велат.

Маршот ќе започне во близина на неговиот дом т.е. на спортското игралиште кое неодамна во негова чест беше именувано во негово име „Трајан Целески-Тачо“.

Патеката започнува од нас. Видобишта – Манастир Свети Никола, Велгошти и назад. Истата е умерена и е во должина од 10км во двата правци. Водич на турата ќе биде Дејан Ангелоски, апсолутен шампион во планинско трчање кај нас и повеќекратен победник на меѓународни трки во скајранинг, посочуваат.

Воедно, велат сите заинтересирани да понесете вода, храна како и топла облека, а малолетните лица треба да се во придружба на возрасни.

Секој учесник учествува на сопствена одговорност. Доброволни прилози ќе може да се остават во хуманитарни кутии на ОО „Црвен Крст“ од Охрид, додаваат организаторите.

OhridNews