Во организација на Лајанс клубот „Лихнидос“, синоќа, во реномираниот хотел „Гарден“ во Охрид, се одржа хуманитарен настан за помош на жителите од поплавените подрачја во Македонија. Хуманитарниот настан го поддржаа лајанс клубовите „Десарети“, “Деница“ и „Охрид“, како и многу хумани граѓани.
На хуманитарното дружење во чест на виното и љубовта, присутните дегустираа вино од винаријата „Далвина“ и донираа парични средства за погодените од поплавите во Македонија.
Хуманитарниот настан го подржаа „Топ маркети“ и хотел „Гарден“. На сите помагатели им беше изразена јавна благодарност.
Покрај поединечни донации, лајанс клубовите „Лихнидос“, „Десарети„ и „Деница“ ќе издвојат дополнителни парични средства кои ќе бидат динирани за помош на жителите од поплавените подрачја во Македонија.
-Идејата беше преку дружење да изразиме солидарност и да ја покажеме нашата хуманост. Секогаш кога е потребна помош на нашите граќани ние сме тука во рамки на нашите можности да им помогнеме. Овојпат се мобилизиравме да им помогнеме на жителите од поплавените подрачја, каде покрај парична помош ќе испратиме и два тона вода за пиење.-истакна Д-р Диел Аголи од ЛК „Лихнидос“.
На претпразничното хуманитарно дружење на охридските лајанси и хумани граѓани, присуствуваше гувернерот на Дистрикт 132 Македонија, Драги Филески – Де Ниро, со претставници на лајанс клубовите од Битола, кои ќе помогнат помошта од Охрид да стигне таму каде што е најпотребна во моментов, бидејќи Пелагонија е најтешко погодена од природната катастрофа.
-Изразувам голема благодарниост до ЛК „Лихнидос“, како и на сите лајанс клубови од Охрид што се одзваа на хуманитарната иницијатива, со што ќе помогнеме барем малку да се ублажат последиците од природната катастрофа што ја зафати земјава, истакна Филески. Toj на членови на ЛК „Лихнидос“ им изрази лична благодарност за нивното залагање во хуманитарни цели.
OhridNews