Првиот хуманитарен брод што Обединетите Нации (ОН) го изнајмија за да го пренесе украинското жито во Африка, стигна денеска во пристаништето Џибути со околу 23.000 тони пченица.
Бродот „Brave Commander“ на 16 август го напушти пристаништето Пивдење кај Харков.
Транспортот на жито се овозможи во јули со потпишувањето договор меѓу Киев и Москва, со посредување на Турција и ОН. Со договорот се дозволува извоз на украинско жито, што беше блокирано поради војната.
Гладта и најлошата суша во изминатите 40 години остави загрозени околу 22 милиони луѓе на Рогот на Африка, особено во Сомалија, Етиопија, Кенија.
OhridNews
Фото: Миа/архива