Црвен Крст Охрид продолжува да спроведува активности за обезбедување хуманитарна помош за најранливите граѓани во нашата заедница.

Благодарение на несебичната поддршка од наши анонимни донатори, реализиравме уште една акција за дистрибуција на 15 хуманитарни пакети со прехранбени и хигиенски производи до лица во социјален ризик. Изразуваме огромна благодарност до сите оние коишто ја помогнаа оваа хуманитарна иницијатива, велат од Црвен крст Охрид.

OhridNews