Започна поделбата на хуманитарни пакети на социјално загрозените семејства од Охрид и Дебрца, кои во рамки на акцијата за Недела на борба против гладта од 16-22 октомври, во организација на Црвен крст Охрид, ги обезбеди Лајонс клубот Десарети. Со акцијата се опфатени 30 семејства од Охрид.

Хуманитарната акција под мотото „ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС“ продолжува и е насочена кон прибирање на доброволни прилози во прехрамбени производи и парични средства од хуманите наши сограѓани и општествено одговорните компании, наменети за набавка и подготовка на хуманитарни пакети за социјално најзагрозените семејства од Охрид и Дебрца, информира Црвен крст Охрид.

До крајот на оваа недела во поголемите градски маркети се поставени пунктови на Црвен крст Охрид со видно обележени корпи во кои хуманите сограѓани ќе можат да ставаат-донираат прехрамбени производи.

Уште еднаш упатуваме апел до нашите сограѓани, компании, фирми, институции, да се вклучат во хуманитарната собирна акција на Црвен крст Охрид и според своите можности дадат придонес во олеснувањето на секојдневието на социјално најзагрозените семејства од Охрид и Дебрца, велат од Црвен крст Охрид.

OhridNews