Во духот на меѓусебното почитување и соживот, Општина Охрид традиционално години наназад организира Ифтарска вечера за граѓаните од муслиманска вероисповед. Поради актуелната ситуација предизвикана од вирусот Ковид 19, наместо ифтарска вечера, овој пат, градот Охрид обезбеди хуманитарни пакети за социјално ранливите категории граѓани.

Во присуство на Муфтијата Семет Ајдари, Градоначалникот Георгиески донираше 100 социјални пакети на Исламската верска заедница кои ќе бидат поделени на социјално загрозените граѓани.

Ова е само мала порака за хуманост и солидарност во овие тешки денови и има за цел зајакнување на односите на граѓаните во општина Охрид, велат од локалната самоуправа.

OhridNews