Во црквата “Свети Ѓорѓи” започнаа редовните образовни и хуманитарни проекти кои православната ги изведува заедно со католичката црква “Свети Кирил и Методиј” од Охрид.


Хуманитарните активности започнаа со бесплатните курсеви по англиски, германски и албански јазик. Синоќа се одржаа првите часови за курсистите кои на овој начин имаат прилика бесплатно да научат странски јазик.  Курсевите за странски јазици се одржуваат при црквата Св. Ѓорѓи веќе неколку години и нив ги посетиле и завршиле повеќе стотици слушатели. Во минатите години, се изучуваа и турскиот и влашкиот јазик, но поради намалениот интерес за нив, оваа година се изучуваат само на англискиот, германскиот и албанскиот јазик.


Црквата Св. Ѓорѓи веќе неколку години се грижи и за децата со посебни потреби

ohridnews