Распродадени картите за театарската претстава „Кумови“ која во петок, 25 октомври, ќе биде изведена во хуманитарни цели за нашата сограѓанка Бојана, а во соработка со Опшина Охрид.

Парите од влезниците ќе бидат донирани за нашата сограѓанка Бојана Танеска Бонеска со желба за брзо и успешно опоравување, информираа претходно од Центарот за култура “Григор Прличев”.

Театарската претстава „Кумови” од Душан Ковачевиќ е во режијата на Билге Емин, додека во истата играат Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Елизабета Стефановска Јандреовска, Стрезо Стаматовски и Ивица Цонев. Преводот и драматургијата е на Кристина Тодороска Петреска, за сценографијата е задолжена Татјана Христоска Бажевска, а за костимографијата Марија Пупуческа.

Следната изведба на претставата е во четврток, 31 октомври, со почеток во 20 часот, велат од Центарот за култура.

Билетите по цена од  300 денари ќе бидат достапни во билетарата при Центарот почнувајќи од понеделник, 28 октомври.

OhridNews