Urban street car club од Охрид во недела организира хуманитарна забава за собирање средства за помош на 21 годишниот Мухамед Максуд – Муки.

Муки веќе 2 години боледува од многу ретка болест на бубрезите – Focal Segmental Glomerulosclerosis (FSGS), па потребно е да се направи трансплантација, а негов единствен донор е неговата самохрана мајка. За тоа да биде овозможено, потребни се 21.000€ кој што треба да бидат уплатени до 30.09.2024 .

За таа цел, нашиот клуб организира хуманитарна забавa каде ќе биде изложени нашите автомобили, ќе има забава со DJ, а воедно ќе биде изложена и кутија за донации. Ќе може да се купат стикери и мириси за во автомобил со нашето лого, а сите пари ќе бидат донирани, велат од Клубот.

Хуманитарната забава ќе се одржи на паркинг пред спортската сала “Билјанини извори” во период од 12:00-17:00 часот.

OhridNews