Волонтерите од Клуб на млади при Црвен крст Охрид во соработка со младинската заедница од СОСУ „Св. Кирил и Методиј” поддржани од Здружението за ретки болести активно се вклучуваат и во овогодишната кампања за поддршка на лицата со ретки болести.

За да се соберат финасиски средства за поддршка на лицата со ретки болести, Клуб на млади -Црвен Крст Охрид во соработка со младинската заедница од СОСУ „Св. Кирил и Методиј” организираат хуманитарна забава со музички таленти од охридските средни училишта. Ве очекуваме сите да донираме, да се забавуваме и да бидеме хумани. Доколку некој сака се пријави за настапување со група, може слободно да ни се обрати преку порака, велат организаторите.

Хуманитарната забава ќе се одржи во четврток, 29 февруари, во Shilla – coffee & & bar со почеток во 20 часот, а влезницата ќе чини 100 ден.

OhridNews