Во рамки на програмата Промоција на хумани вредности „ЦКА-ПХВ“, Црвен крст Охрид утре ќе организира голема детска хуманитарна забава под мотото „Подај раче за другарче“, која ќе се одржи во повеќе градски игротеки.

Младинците од Клубот на млади на Црвен крст Охрид ги покануваат родителите да ги донесат своите деца да учествуваат на хуманитарната забава, каде преку игра ќе помогнат да се обезбедат средства за помош на седумгодишно девојче без родители од Охрид.

Забавата „Подај раче за другарче“ ќе се организира во игротеките: „Тамаро“ („Туристичка“) од 10-12 часот, „Смајли“ (Партизанска 38) од 13-15 часот, „Мадагаскар“ (Јане Сандански бб) од 13-15 часот и во „Хепи ленд“ („Туристичка“ 47-а) од 15-17 часот.

Влезниците за забавата чинат 50 денари.

OhridNews