ПХВ младинците утре вечер, 2 април, организираат хуманитарна забава под маски во Shilla – coffee & bar.
Картата чини 100 денари плус конзумација. Маскирајте се, дојдете да се забавуваме и ублажете ги страдањата на едно 7- члено социјално загрозено семејство од Охрид. – порачуваат ПХВ младинците.
Програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) претставува национална алатка за привлекување и задржување на волонтери во Црвениот крст на Македонија. Истата се имплементира во сите општински организации на Црвен крст и на годишно ниво обучува околу 1200 младинци, потенцијални волонтери во организацијата и 40 дисеминатори кои работаат со младинците.
На годишно ниво се изработуваат од 150 до 200 мали проекти преку кои им се помага на околу 3.000 лица во нашата земја, на некои краткорочно додека пак за некои помошта е долгорочна.
OhridNews