По повод својот четврти роденден, Ротаракт клубот од Охрид, во сабота на 25-ти јули 2015 година ќе организира хуманитарна забава.
За музичкиот дел од забавата која ќе се одржи во кафулето „Табана“, ќе биде задолжен охриѓанецот Петар Маркоски.
Средствата кои ќе бидат собрани во рамки на овој хуманитарен настан ќе бидат донирани за добротворни цели.
OhridNews