Осумдесет велосипедисти утрово се појавија пред спорстаката сала „Билјанини извори“ во Охрид, на стартот на хуманитарната велосипедска тура околу Охридското Езеро за поддршка на СОС Детско село, што се одржа во организација на велосипедското здружение „Macedonia bike riders“. Тие извозеа 92 км околу Охридско Езеро промовирајќи спортски и хуманитарни вредности.

Целта на оваа хуманитарна велосипедска тура е да се поттикнат сите граѓани како на физички активности, така и на хуманитарни. Секој граѓанин може да ја поддржи мисијата на настанот со донирање на финансики средства за децата поддржани од СОС Детско село. – соопшти организаторот.

Хуманитарната трка се одржа под мотото: „Ние ќе возиме, Вие донирајте на следниот линк.“

Донациите се добројдени во секое време, бидејќи целта е да собереме средства за летен одмор за децата без родители и родителска грижа згрижени од СОС Детско село. – информира организаторот на настанот.

OhridNews