Во рамките на социјално-хуманитарната дејност, а по повод одбележувањето на Неделата на солидарност од 15-21 април 2024 год., под мотото „ВАШИОТ ПРИЛОГ – ЗНАЧАЈНА ПОМОШ“ со цел подигање на нивото на свест на населението за потребната помош и поддршка на ранливото население, Црвениот крст организира хуманитарна собирна акција за обезбедување на помош во храна, средства за хигиена и парични средства, која ќе биде наменета за најранливите категории на граѓани од Охрид и Дебрца.

Апелираме и ги повикуваме нашите сограѓани, фирми и институции да ја покажат својата солидарност и хуманост и масовно да се вклучат во акцијата со: донирање на материјални добра-прехрамбени производи и средства за хигиена во просториите на Црвен крст Охрид ул. „Димитар Влахов“ бр.52; донирање на парични средства (100 ден) со повик на телефонските броеви 070/075/077 143-400 на жиро сметката на Црвен крст со назнака за „Недела на солидарност“; со уплата на средства на сметката на Фондот за солидарности на Црвен крст на РСМ 300000001327966, Депонент Комерцијална банка, ДБ 4030984271620 и cо електронска уплата на средства на интернет страната на Црвениот крст, потенцираат од Црвен крст Охрид.

Од донираните парични средства и собраните намирници, велат, ќе бидат обезбедени и подготвени хуманитарни пакети со прехрамбени поризводи и средства за хигиена кои ќе бидат дистрибуирани до крајните корисници.

Со секоја ваша донација овозможувате да се помогне на што поголем број на лица на кои помошта им е најнеопходна, додаваат.

OhridNews