Во рамки на социјално-хуманитарната дејност, а по повод одбележувањто на Неделата на солидарност од 14 до 20 април под мотото „Вашиот прилог-значајна помош“ Црвен крст Охрид организира хуманитарна собирна акција со цел подигање на свеста на населението за потребната помош и поддршка на ранливото население.

Нашите хумани сограѓани, фирми, институции можат да се вклучат во оваа собирна акција за помош на најранливите со донирање на прехрамбени производи, средства за хигиена, облека, обувки… Со секоја ваша донација овозможувате да се помогне на што поголем број лица на кои помошта им е најнеопходна, информираат од Црвен крст Охрид.

Донациите може да се достават во просториите на Црвен крст Охрид, ул. „Димитар Влахов“ 52, секој работен ден од 8-16 часот.

OhridNews